Најстарата шпедитерска фирма во државата Макошпедд планира ширење на бизнисот со влегување во енергетиката. Според информацијата објавена на интернет-страницата на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, Макошпедд за годинава најавува инвестиција во изградба на фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори. Од компанијата велат дека плановите им се да влезат во нов бизнис, а дали ќе ги остварат, односно дали централата ќе има поголемо производство или ќе се користи за сопствени потреби, зависи од контингентите што ќе ги определи Регулаторната комисија за енергетика. Одговорните во Макошпедд засега не даваат повеќе информации, освен таа дека планираат централата да се постави на покривот на зградата на јавното царинско складиште во Шуто Оризари.
Најстарата шпедитерска фирма во државата Макошпедд планира ширење на бизнисот со влегување во енергетиката.
Според информацијата објавена на интернет-страницата на Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, Макошпедд за годинава најавува инвестиција во изградба на фотоволтаична централа за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Од компанијата велат дека плановите им се да влезат во нов бизнис, а дали ќе ги остварат, односно дали централата ќе има поголемо производство или ќе се користи за сопствени потреби, зависи од контингентите што ќе ги определи Регулаторната комисија за енергетика. Одговорните во Макошпедд засега не даваат повеќе информации, освен таа дека планираат централата да се постави на покривот на зградата на јавното царинско складиште во Шуто Оризари.
Втора инвестиција за оваа година, која е објавена во информацијата пласирана преку Берзата е дека ќе се откупи државното градежно земјиште, односно дворното место и земјиштето под објектот на складот во Маџари. Се работи за плац од 29.000 квадратни метри.
Според објавениот план за 2013 година, од Макошпедд не може да се очекуваат посериозни промени и подобрувања во транспортно - логистичката дејност, а како причина се наведува релативно ниската економска активност, слабата наплата, слабата инфраструктурна поврзаност, како и неквалитетниот возен парк.
- Во рамките на овие услови во Република Македонија, ТД Макошпедд АД Скопје во 2013 година ќе понуди квалитетни и интегрирани услуги, пристап кој на компаниите ќе им заштеди време, пари, кадар и потреба од голема организација, а на ТД Макошпедд АД Скопје ќе и го зголеми обемот на работа - се наведува во годинешниот план на оваа фирма.
Обемот на работа во основната дејност е планиран на ланското ниво, а се планира да се преземе дистрибуцијата на производите на коминтентите. Приходите од кирии се предвидува да се намалат за 25% поради завршување на некои договори за закуп, додека останатите приходи се предвидува да се движат на исто ниво како и лани. Вкупните приходи се планирани на 880.000 евра, а вкупните трошоци од редовно работење според објавениот план ќе изнесуваат 818.000 евра. Добивката пред оданочување е проектирана на 61.700 евра.
Оваа шпедитерска компанија има долга историја, која почнува во 1946. Ако се суди според најновите анализи на Државниот завод за статистика вложувањето во енергетиката е вистински потег, зашто тие инвестиции се најтрајни и најстабилни. Демографијата на претпријатијата на ДЗС покажува дека во 2011 година најголема стапка на преживување покрај здравствените, покажале и енергетските компании. Овој бизнис последниве години станува многу атрактивен. Ако во 2009 година биле регистрирани 47 активни компании, во 2011 година ги имало 98, од кои дури 13 биле отворени таа година. Стапката на преживување на фирмите од секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е меѓу највисоките. Од новоформираните во 2009, во 2011 опстанале 87%.